Информација за студенти на Трет циклус на студии (докторски студии) – Економски факултет, Скопје
📅 24 – 30.9.2026 год. • 12:00 – 14:00 часотПочитувани,
Во прилог информации за упис на зимски семестар 2026/2027 година.
Образец за упис на зимски семестар 2026/2027.
Образец за заверка на летен семестар 2025/2026.
Потврда за извршена уплата на семестарот – видете ги висината и начинот на уплата подолу.
Испечатен Генериран образец и Потврда за успешно доставен образец. Доколку сѐ уште немате личен активен профил на платформата Е-услуги, треба да се регистрирате и да креирате личен профил на ниско ниво (анонимно) на Националниот портал за е-услуги.
По креирањето профил, треба да се пополни образецот ВОИ 70А, од каде ќе добиете два официјално потврдени документи со електронски печат на ДЗС, кои треба да се достават на денот на уписот.
Ратата се уплаќа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето.
| Назив на примачот | Буџет на РМ – Економски факултет – Скопје |
|---|---|
| Банка на примачот | НБРМ |
| Сметка | 100000000063095 |
| Сметка на буџетски корисник | 1600103697 788 10 |
| Приходна шифра | 723011 |
| Програма | 41 |
Во полето „Цел на дознака" се внесува името на студиската програма и целта на уплатата.
Важно! Студентите кои се запишале на докторски студии почнувајќи од учебната 2021/2022 година, доколку имаат предмети/активности од претходниот зимски семестар кои не ги положиле/реализирале во трите предвидени сесии, треба истите да ги презапишат и да платат 50% од вредноста на кредитите за предметот/активноста што се презапишува.
Со почит, Економски факултет – Скопје
За прашања и техничка поддршка: administrator@eccf.ukim.edu.mk
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани