Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА ВО ПЕРИОДОТ НА ПОСТ-КОВИД-19

јуни 17, 2021 @ 12:00 - 14:00

Почитувани,

Со особено задоволство го најавуваме вебинарот во организација на Катедрата за економија на тема „ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ОД ОБЛАСТА НА ЕКОНОМИЈАТА ВО ПЕРИОДОТ НА ПОСТ-КОВИД-19“.

Катедрата по економија на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ги следи актуелните движења во македонската економија, посебно во контекст на економските последици од пандемијата на Ковид-19. Истовремено, Катедрата по економија настојува да обезбеди процес на иновирање на наставните содржини на предметите кои ги изучуваат студентите од областа на економијата. Во овој контекст, економските последици од пандемијата на Ковид-19 разбирливо претставуваат предизвик и за иднината на високото образование во областа на економските науки воопшто. Целта на овој Вебинар е да биде форум за дискусија за потребите на бизнис секторот и на јавниот сектор, од аспект на стручните знаења и квалификации со кои можат да се стекнат студентите од областа на економијата на Економскиот факултет – Скопје.

Онлајн настанот ќе се одржи на следниот линкhttps://meet.google.com/jrh-kewx-frw 

Сите заинтересирани се добредојдени да ни се приклучат!

Ве очекуваме.

Со почит,

Проф. д-р Владимир Филиповски, 

Раководител на Катедрата за економија, 

Економски факултет – Скопје, 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Details

Date:
јуни 17, 2021
Time:
12:00 - 14:00