ИЗВЕСТУВАЊЕ за on-line пријавување на испит и анкета за полагање со физичко присуство, зимски семестар, 2021/2022 од 26.12 – 09.01.202 год.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Прв циклус студии: Пријавување на испити Јануарско-февруарска сесија, 2021/2022

Ве известуваме дека пријавувањето на испити во Јануарско-февруарската испитна сесија во учебната 2021/2022 година, во iKnow системот, ќе се одвива во периодот од:

26.12.2021 до 9.1.2022 година,

Јануарско-февруарската испитна сесија ќе се одвива во два термини и секој предмет ќе може да се полага во 2 различни испитни термини. Вашата електронска пријава за испитот е важечка за двата термини.

Пријавите за испитите од оваа сесија ќе ги доставувате во Одделението за студентски прашања при заверката на зимскиот /уписот на летниот семестар.

НАПОМЕНА:

*Доколку го пропуштите рокот за електронско пријавување на испитите, полагањето на испитите ќе биде возможно само преку Одделението за студентски прашања.

*евентуални технички проблеми при пријавувањето, треба да пријавите на administrator@eccf.ukim.edu.mk, најдоцна до 9.1.2022

* студентите кои немаат технички и просторни можности за полагање на далечина и сакаат да полагаат во просториите на факултетот под идентични услови, задолжително треба да го пополнат АНКЕТНИОТ прашалник најдоцна до 7.01.2022 год.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.