ПРВ ЦИКЛУС – Заверка на семестар и пријавување за испитна сесија 2022

Прв циклус студии: Заверка на летен семестар 2021/2022

27.06 – 07.07.2022 год., од 11,00-14,00ч

во Одделението за студентски прашања

 

Потребни документи за заверка:

  1. Образец за заверка на семестар
  2. Индекс

Оние студенти кои не ги подмириле обврските за летниот семестар истото да го

направат со заверката

Студентите кои ги положиле сите испити, заверката на семестарот ќе ја направат во

исто време со поднесување на дипломскиот труд.

 

Заверката на семестарот ќе се одвива според распоредот по денови како што следува:

27 и 28.06.2022 – прва година

29 и 30.06.2022 – втора година

01 и 04.07.2022 – трета година

05, 06 и 07.07.2022 – четврта година

Прв циклус студии: Пријавување на испити Август-септемвриска сесија, 2021/2022

 

Ве известуваме дека пријавувањето на испити во Август-септемвриската испитна сесија во учебната 2021/2022 година, во iKnow системот, ќе се одвива во периодот од:

03 до 11.07.2022 година

Август-септемвриска испитна сесија ќе се одвива во еден термин согласно Одлуката на ННС донесена на 01.03.2022 год.

Пријавите за испитите се носат на денот на полагањето и во просторијата каде се полага.

НАПОМЕНА:

*Доколку го пропуштите рокот за електронско пријавување на испитите, полагањето на испитите ќе биде возможно само преку Одделението за студентски прашања.

*евентуални технички проблеми при пријавувањето, треба да пријавите на administrator@eccf.ukim.edu.mk, најдоцна до 25.05.2022

*Професорот нема обврска да ве прими на испит доколку испитот не е пријавен и не фигурирате во списоците за полагање

 

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.