Втор циклус – Информација за втор уписен рок

Уписот на втор циклус ќе се врши во деновите 21-23.2.2023 година, во Службата за втор циклус од 12,00 часот до 14,00 часот.

При уписот потребно е примените  кандидати да ги приложат следниве документи:

  • Индекс
  • Две фотографии (3,5х4,5)
  • Копија од извод од матична книга на родените
  • Образец за запишување семестар на кој ќе ги напишете задолжителните/изборните предмети од вториот – летен семестар
  • Уплатница од 500 евра за прва рата партиципација (уплата за прв семестар)
  • Уплатница од 750 евра за прва рата партиципација (Master of Business Administration (MBA) in Strategic Human Resource Management) на следната сметка

Уплатата се врши на Образец ПП 50

Назив на примачот Економски факултет-Скопје

Банка на примачот НБРМ Сметка 100000000063095

Сметка на буџетски корисник 1600103697 788 10

Приходна шифра и програма 723019 41

 

 Во повикување на број се пополнува:

723019 / 1 за Сметководство и ревизија

723019 / 2 за Европски студии

723019 / 4 за Маркетинг

723019 / 6 за Монетарна економија, финансии и банкарство

723019 / 8 за МБА Менаџмент

723019 / 9 за Економски развој и меѓународни финансии

723019 / 10 за Менаџмент во осигурувањето

723019 / 11 за Управување во јавен сектор

723019 / 12 за Статистички методи за бизнис и економија

723019 / 13 за Е-бизнис менаџмент

723019 / 15 за Корпоративен финансиски менаџмент

723019 / 16 за Master of Business Administration (MBA) in Strategic Human Resource Management

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.