ОГЛАС за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-23176/2 од 6 јули 2023 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

 

ОГЛАС

за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

 

1.Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на три (3) извршители на определено време во траење од 2 години, на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за ИТ инфраструкура во Дирекцијата за ИТ инфраструктура.

 

2.Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

3.Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови: да имаат завршено факултет од областа на информатичките науки со најмалку 180  ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, кориснички оперативни системи (MS Windows), серверски оперативни системи (MS Windows Server), мрежно поврзување (TCP/IP, Cisko IOS, firewall, IDS/IPS, switch, LAN, WAN) и познавања од областа на работењето на Народната банка.

 

Кандидатите ќе бидат тестирани за нивните познавања на ИТ хардвер, Microsoft Windows Server архитектура, TCP/IP, LAN и WAN технологии, Cisko IOS, рутирање (routing), VPN-и и заштитни ѕидови (firewalls), кориснички оперативни системи (MS Windows), серверски оперативни системи (MS Windows Server), корисничко познавање на Microsoft Office (Word, Excel PowerPoint, Access) и познавање на англиски јазик.  

 

4.Кандидатите за работното место од точка 1 треба да достават:

‒ пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;

‒ кратка биографија;

‒ препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи;

‒ доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;

‒ потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);

‒ диплома или уверение за завршено образование и

‒ доказ за работен стаж само доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат).

Сите докази може да бидат доставени во копија.

 

5.Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 часот.

 

6.Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.

 

7.Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

 

8.Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 изнесува 48.970,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 24.945,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 34.557,00 денари.

 

9. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

 

10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

11. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.  

 

12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци[1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.

Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.

 

[1] Народната банка може да контактира со претходните и со тековните работодавачи за професионалното искуство на кандидатите и за нивните меѓучовечки односи. 

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.