Прв циклус – Конечна ранг листа и информации за упис на Економски факултет – Скопје

Почитувани,

Во прилог следи конечната ранг листа на примени кандидати кои се пријавиле за упис во првиот уписен рок на Економскиот факултет – Скопје и информација за запишување на истите согласно Конкурсот за упис на нови студенти во учебната 2023-2024 година.

Конечна ранг листа на примени кандидати во прв уписен рок 2023/24

ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, 2023/2024 ГОДИНА 11, 12 И 13.09.2023 год.,
од 8,30 – 15,30ч

11.09.2023

Департман Е-БИЗНИС   –  Предавална 3

Департман СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА  –  Предавална 4

 

 

12.09.2023

Департман МЕНАЏМЕНТ И ПРЕТПРИЕМНИШТВО –  Предавална 3

Департман ФИНАНСИИ  –  Предавална 4

 

 

13.09.2023

Департман МАРКЕТИНГ –  Предавална 3

Департман ЕКОНОМИЈА и департман МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА –  Предавална 4

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2023/2024

  

  1. Индекс и студентска легитимација
  2. Три фотографии (две 3.5 х 4.5 см и една 2х3 см )
  3. Пријавни листови (за упис на семестар и статистички лист)
  4. Потврда за уплата на 100 евра (државна квота); 200 евра (кофинансирање, вонредни) (прва рата од партиципација); зависно од квотата во која студентот припаѓа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

– Приходна шифра: 723012

Програма 41

 

  1. Потврда за уплатени 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Економски факултет, на

– жиро сметка 160010368978818,

– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,

– повикување на број 723012,

– програма 41

– цел на дознака:  ИКСА за Економски факултет

 

     6. На факултетот се подигаат и пополнуваат:

– Договор за студирање на Економски факултет

– Изјава за користење на лични податоци

– Изјава за право на увид во досие

– Изјава за подигнати документи

 

 

ИСТОВРЕМЕНО за упис на зимскиот семестар 2023/2024 се поднесува:

  1. Потврда за уплата на 3600 денари (прва рата) за: Предметни програми, Водич низ студиите, книжен фонд, штети, тетратки за писмен испит, шифрарници е-услуги и е-платформи и за студентски интернет центар. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

– Приходна шифра: 723013

– Програма 41

  1. Пополнет индекс и впишани предмети од зимски семестар (се пополнува при запишувањето – на факултет)
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.