УПИС НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2023/2024
18-29.09.2023, од 10,30-14,00ч
Задолжителен on-line упис на предмети од зимски семестар (15 –29.09.2023)
Студентите кои семестарот ќе го уплаќаат on-line, уплатата треба да ја направат најмалку 24 часа пред поднесувањето на документите за упис на шалтер, за истата да биде евидентирана во е-индексот на студентот.
Уписот на зимскиот семестар НА ШАЛТЕР – ВО ИНДЕКС ке се одвива согласно следниот распоред:
ВТОРА ГОДИНА – 18 – 20.09.2023 год.
(студенти кои запишуваат барем еден предмет и предмети од II година и студенти кои презапишуваат предмети од I година)
ТРЕТА ГОДИНА – 21 – 25.09.2023 год.
(студенти кои запишуваат барем еден предмет и предмети од III година и студенти кои презапишуваат предмети од II година
ЧЕТВРТА ГОДИНА – 26.09 – 29.09.2023 год.
(студенти кои запишуваат барем еден предмет од IV година и презапишуваат предмети од III година)
Непочитување на процедурите и непридржување кон дадениот распоред повлекува надомест за не навремен упис на семестар.
Уписот не е направен без поднесување на потребните документи во службата:
- Образец за упис на семестар (пополнет и потпишан)
- Потврда за уплата на 100/200 евра (прва рата од партиципација согласно бројот на запишани предмети/ кредити – со on-line запишување во iknow – системот го дава износот за уплата) во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41.
- Потврда за уплата на 1.400,00 денари (втора рата) за: книжен фонд, користење на е-услуги и е-платформи, штети, тетратки, шифрарници за писмен испит, студентски интернет центар. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723013
– Програма 41
- Потврда за уплата на 750,00 денари – за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Економски факултет, на
– жиро сметка 160010368978818,
– депонент НБРМ со трезорска сметка 100000000063095,
– повикување на број 723012,
– програма 41
– цел на дознака ИКСА за Економски факултет