Втор циклус – Заверка на зимски / упис на летен семестар 2023/24

Oд 5 – 20.02.2024 година од 11,00 до 14,00 часот во Службата за втор циклус на студии

 

Почитувани,

Ве информираме дека во системот iknow e креиран летниот семестар 2023/2024 година и сите студенти кои се запишале во првиот уписен рок или имаат предмети за презапишување во летниот семестар, пред да дојдат во службата треба да направат online упис.

Студентите кои ќе полагаат испити од зимскиот семестар во сесиите во јуни и август-септември треба да направат online упис и во предвидениот термин да достават образец за упис на празен летен семестар 2023/2024 без надомест

 

1. Потребни документи за заверка на зимски семестар 2023/2024

  •  Образец на заверка на семестар и е-потписи во е-досие

2. Потребнидокументиза упис на летен семестар 2023/2024:

  • Образец за запишување  на  семестар 

(на кој се запишуваат задолжителните и/или изборни предмети од семестарот кој се запишува или презапишува, и истите предмети се запишуваат во индексот)

  • уплата од 500 евра во денарска противредност по среден курс на Народна банка, уплатени на жиро сметка на Економски факултет-Скопје.

Уплатата се врши на                           

Образец ПП  50

Назив на примачот                               

Економски факултет-Скопје

Банка на примачот                               

НБРМ

Сметка                                                     

100000000063095

Сметка на буџетски корисник           

1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма             

723019               41

 

Во Повикување на број-задолжување од левата страна на уплатата се потполнува Името на студиумот и целта на уплатата

 

723019 / 1 за Сметководство и ревизија

723019 / 2 за Европски студии

723019 / 4 за Маркетинг

723019 / 6 за Монетарна економија, финансии и банкарство

723019 / 8 за МБА Менаџмент

723019 / 9 за Економски развој и меѓународни финансии

723019 / 10 за Менаџмент во осигурувањето

723019 / 11 за Управување во јавен сектор

723019 / 12 за Статистички методи за бизнис и економија

723019 / 13 за Е-бизнис менаџмент

723019/  14 за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

723019 / 15 за Корпоративен финансиски менаџмент

723019 / 16 за MBA in Strategic human resource management

3. За студентите кои треба да презапишат предмет, надоместокот кој се уплаќа за презапишување на предмет е еднаков на вредноста на ЕКТС кредитот помножен со бројот на ЕКТС кредити кои ги носи соодветниот предмет кој се презапишува.

 

Уплатата се врши на                           

Образец ПП  50

Назив на примачот                               

Економски факултет-Скопје

Банка на примачот                               

НБРМ

Сметка                                                     

100000000063095

Сметка на буџетски корисник           

1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма             

723013               41

 

ВАЖНО!

Доколку не сте биле активни во iкnow системот повеќе од 30 дена, лозинката се сметa за застарена и потребно е да креирате нова лозинка на Заборавена лозинка

Секое непочитување на дадениот термин, повлекува надомест за задоцнет упис!

Непочитување на процедурите и непридржување кон дадениот распоред повлекува надомест за не навремена заверка/упис на семестар

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.