Прв циклус: Конкурс за упис на студенти за учебната 2024/2025 година

ЛИНК ДО КОНКУРСОТ

 прв роквтор роктрет рок
Пријавување на кандидатите29.8. и 30.8.202417 и 18.9.202427.9.2024
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)

 

3.9. 2024

 

20.9.2024

 
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)

 

6.9. 2024

 

25.9.2024

 

 

Запишување на кандидатите

 

11 и 12.9.2024

 

26.9.2024

 

30.9.2024

Пријавување и поднесување на потребните документи ќе се врши во просториите на Економски факултет – Скопје на 29 и 30.08.2024 од 08:30 до 15:30ч.

Документи за пријавување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  1. пријава за запишување (образец А1 – се купува од книжарата на факултетот);
  2. електронска пријава (генерирана од iKnow-системот);
  3. оригинални свидетелства од сите класови;
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  5. извод од матичната книга на родените; (оригинал)
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оригинал);
  7. потврда за уплатa:
    • Административната такса во износ од 50,00 денари
      (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ;
      Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
    • 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата:

      Трансакциска сметка
      100000000063095Сметка на буџетскиот корисник1600103697 – 788 – 10Приходна шифра и програма723013 – 41

***Освен горенаведените документи, кандидатите за вонредни студенти поднесуваат и документ за вонредно студирање (М1/М2 образец, или лекарско уверение издадено од Студентска поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје)

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.