Отворена работна позиција во Smart Solutions- „Асистент-менаџер за продажба и маркетинг“

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard/ Enterprise, Autodesk, Adobe, Symantec/ Broadcom, Veritas, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција:  

 

Асистент-менаџер за продажба и маркетинг на производите, услугите и решенијата коишто ги нуди компанијата

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  1. Висока стручна подготовка – диплома од Економски факултет Скопје (насоки Е-бизнис или маркетинг) или Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство
  2. Возачка дозвола (Б категорија)
  3. Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
  4. Искуство во работа со компјутери – познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси
  5. Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност
  6. Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност
  7. Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност

 

Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија  на  македонски  и   англиски јазик  и  копија од  документите коишто   го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови на e-mail: jobs@smartsolutions.com.mk  или по пошта на следнава адреса:

 

Smart Solutions

бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1

1000 Скопје

 

Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.

Почетната плата зависи од завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените дополнителни обуки.

Повеќе информации за компанијата можете да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.