Втор циклус – Пријавување испити за Август-Септемвриска испитна сесија 2025

Почитувани,

Пријавувањето на испити за Августовско-септемвриската (трета) испитна сесија  започнува на 30.6.2025 година и ќе трае до 7.7.2025 година.  

Испитите што ќе ги полагате во августовско-септемвриската испитна сесија задолжително  треба да ги пријавите online преку Вашиот профил на iknow.

Доколку имате технички проблеми при логирањето на iknow во периодот од 30.6.2025 –  7.7.2025 година, обратете се кај администраторот на факултетот на следниов маил administrator@eccf.ukim.edu.mk

По овој рок пријавувањето се врши со надомест за задоцнето пријавување.

ВАЖНО: Доколку не сте биле активни во  iкnow системот повеќе од 30 дена, лозинката се  сметa за  застарена и потребно е да креирате нова лозинка на Заборавена лозинка.

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.