Loading Events

Почитувани,

 

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Одбележувањето на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2025 година, настан кој традиционално, се одржува на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Следејќи ја повеќегодишната традиција, Катедрата за Економија и оваа година го организира настанот посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2025 година, која беше доделена на тројца истакнати економисти: проф. Џоел Мокир (Joel Mokyr) од Northwestern University, Evanston, IL, САД, и Eitan Berglas School of Economics, Tel Aviv University, Израел; проф. Филип Агион (Philippe Aghion) од Collège de France и INSEAD, Париз, Франција, како и од The London School of Economics and Political Science (LSE), Обединето Кралство; и проф. Питер Ховит (Peter Howitt) од Brown University, Providence, RI, САД.

 

Агендата на настанот е следната:

Поздравно обраќање – Проф. д-р Даниела Бојаџиева, Раководител на Катедрата за Економија

Официјално отворање на настанот – Проф. д-р Мијалче Санта, Декан на Економски факултет – Скопје

 

За значењето и за придонесот на нобеловата награда за економија за 2025 година ќе говорат:

  • Академик Таки Фити – Значењето на Нобеловата награда за Економија
  • Проф. д-р Владимир Филиповски – Нобелова награда за економија 2025: економскиот раст генериран од иновациите низ процесот на креативна деструкција
  • Проф. д-р Љубомир Кекеновски – Како новите технологии водат до одржлив развој и кои се  импликациите за разбирање на новата индустриска политика
  • Проф. д-р Сашо Ќосев – Политиката на иновации и поддршка на технолошкиот развој

 

Настанот ќе се одржи на 4 ноември 2025 година (Вторник) со почеток во 10 часот, во Амфитеатар 2.

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје