Почитувани студенти,
Ве информираме дека за време на уписот на летниот семестар, студентите од прва и втора година своите индекси ќе ги доставуваат во Службата за студентски прашања, во затворен плик, согласно утврдената постапка за упис.
Поради ваквиот начин на доставување, постои можност индексите да не можат веднаш да бидат подигнати. Во таа насока, Ве известуваме дека за време на испитната сесија, студентите кои се уредно пријавени на списоците за полагање ќе можат да го остварат правото на полагање со приложување на валиден документ за лична идентификација, и во отсуство на индекс.
Ве замолуваме да ги почитувате дадените упатства и навремено да ги извршите обврските поврзани со уписот.
Со почит,
Економски факултет – Скопје