ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ЌЕ ДИПЛОМИРААТ НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ
Економски факултет — Скопје | Април 2026
Се известуваат сите студенти кои ќе дипломираат на прв циклус на студии сметано од месец април 2026 година дека се воведува задолжително пополнување на електронски образец ВОИ 50, подготвен од Државниот завод за статистика во соработка со Министерството за дигитална трансформација.
ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?
Чекор 1 — Регистрација на порталот Креирајте профил на ниско ниво на Националниот портал uslugi.gov.mk (доколку сè уште немате).
Чекор 2 — Пополнување на образецот Пополнете го електронскиот образец ВОИ 50 на uslugi.gov.mk. По успешното пополнување, системот автоматски генерира потврда.
Чекор 3 — Печатење на потврдата Испечатете ја генерираната потврда — таа е задолжителен документ при поднесување на дипломскиот труд.
Чекор 4 — Поднесување на документација Во Одделението за студентски прашања доставете ги следните документи:
- Испечатена потврда за пополнет образец ВОИ 50
- Пополнети и испечатени формулари за дипломирање
- Дипломски труд — 4 примероци
- Уплата од 6200 ден.
СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ
Студентите странски државјани наместо образецот ВОИ 50 пополнуваат Excel-темплејт кој можат да го подигнат лично во Одделението за студентски прашања.
ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ?
Студентите кои ќе имаат технички проблем при регистрацијата на порталот www.uslugi.mk можат да побараат помош на телефонските броеви:
📞 02 3249 453 📞 02 3249 418