Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Quant Talks

април 14 @ 12:15 - 12:45

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на четвртиот од серијата отворени настани организирани од страна на Катедрата по математика и статистика под името Quant Talks, кој ќе се одржи на 14.04.2026 (вторник) од 12:15-12:45ч во Сала за состаноци.

Гостин-предавач ќе биде Иван Ивановски, претприемач, инвеститор и едукатор, основач на Prime Capital инвестициска консултантска компанија и креатор на PrimeClass.mk – водечка едукативна програма за инвестирање и дневно тргување во Македонија и на Балканот со над 4000 активни студенти. Со долгогодишно искуство на меѓународните пазари на капитал, неговиот фокус е насочен кон развој на дисциплиниран и структуриран пристап кон инвестирањето. Преку својата работа, активно придонесува кон унапредување на финансиската писменост и градење на нова генерација инвеститори, преку практични знаења и реални пазарни искуства.

Со почит,
Катедра по математика и статистика,
Економски Факултет – Скопје

Details

  • Date: април 14
  • Time:
    12:15 - 12:45