Loading Events

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на петтиот од серијата отворени настани организирани од страна на Катедрата по математика и статистика под името Quant Talks, кој ќе се одржи на 21.04.2026 (вторник) од 12:15-12:45ч во Сала за состаноци.

Гостин-предавач ќе биде м-р Петар Јолакоски, докторанд на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Своето високо образование го завршил на истиот универзитет, а неговиот научно-истражувачки интерес е насочен кон случајните процеси, со фокус на стохастичките диференцијални равенки и нивната примена во економијата и машинското учење. Од 2021 година е ангажиран како истражувач на меѓународни научно-истражувачки проекти во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ. Како резултат од неговата досегашна работа, од 2021 година до денес има објавено над 15 научни трудови во списанија со фактор на влијание.

Презентацијата ќе биде на тема „Временско-фреквенциски пристап во економијата и финансиите: вејвлет анализа на синхронизација на бизнис циклуси“,  а до работна верзија на трудот можете да пристапите на: https://arxiv.org/pdf/2603.28951

Со почит,
Катедра по математика и статистика,
Економски факултет – Скопје