Упис на зимски семестар 2026/2027

Информација за студенти на Трет циклус на студии (докторски студии) – Економски факултет, Скопје

📅 24 – 30.9.2026 год.  •  12:00 – 14:00 часот

Почитувани,

Во прилог информации за упис на зимски семестар 2026/2027 година.

Термин за упис: 24 – 30.9.2026 година, од 12:00 до 14:00 часот Економски факултет, Скопје

Потребни документи за упис на зимски семестар 2026/2027

1

Образец за упис на семестар

Образец за упис на зимски семестар 2026/2027.

2

Образец за заверка на семестар

Образец за заверка на летен семестар 2025/2026.

3

Уплата

Потврда за извршена уплата на семестарот – видете ги висината и начинот на уплата подолу.

4

Статистички ВОИ 70А образец

Испечатен Генериран образец и Потврда за успешно доставен образец. Доколку сѐ уште немате личен активен профил на платформата Е-услуги, треба да се регистрирате и да креирате личен профил на ниско ниво (анонимно) на Националниот портал за е-услуги.

По креирањето профил, треба да се пополни образецот ВОИ 70А, од каде ќе добиете два официјално потврдени документи со електронски печат на ДЗС, кои треба да се достават на денот на уписот.

Пополни образец ВОИ 70А на Uslugi.gov.mk →

QR код ВОИ 70А образец QR код до образецот

Висина на уплатата

Ратата се уплаќа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето.

Студенти запишани заклучно со учебната 2023/2024 година

900 € По среден курс на НБРМ на денот на плаќањето

Студенти запишани за прв пат во учебната 2024/2025 година

1.007,5 € По среден курс на НБРМ на денот на плаќањето

Начин на уплата

Назив на примачотБуџет на РМ – Економски факултет – Скопје
Банка на примачотНБРМ
Сметка100000000063095
Сметка на буџетски корисник1600103697 788 10
Приходна шифра723011
Програма41

Во полето „Цел на дознака" се внесува името на студиската програма и целта на уплатата.

Повикување на број – шифра на студиска програма

723011 / 02Економски науки
723011 / 03Статистички методи за бизнис и економија
723011 / 05Организациски науки и управување (менаџмент)

Важна напомена

Важно! Студентите кои се запишале на докторски студии почнувајќи од учебната 2021/2022 година, доколку имаат предмети/активности од претходниот зимски семестар кои не ги положиле/реализирале во трите предвидени сесии, треба истите да ги презапишат и да платат 50% од вредноста на кредитите за предметот/активноста што се презапишува.

Со почит, Економски факултет – Скопје

За прашања и техничка поддршка: administrator@eccf.ukim.edu.mk