Информација за примените кандидати на втор циклус студии – Економски факултет, Скопје
📅 21 и 22.10.2026 • 10:30 – 14:00 часотПочитувани,
Ви честитаме на постигнатиот успех! Примени сте на втор циклус студии на Економскиот факултет – Скопје.
При уписот, примените кандидати треба да ги приложат следниве документи:
Пополнет со лични податоци и предметите од првиот семестар.
Големина 3,5 × 4,5 cm.
Испечатен „Генериран образец“ и „Потврда за успешно доставен образец“.
Доколку сѐ уште немате личен активен профил на платформата е-услуги, треба да се регистрирате и да креирате личен профил на ниско ниво (анонимно) на Националниот портал за е-услуги.
По креирањето на профилот, пополнете го образецот ВОИ 80А. Од системот ќе добиете два официјално потврдени документа со електронски печат на ДЗС – Генериран образец и Потврда за успешно доставен образец, кои треба да ги доставите на денот на уписот.
Достапен на факултетот.
Во него ги наведувате задолжителните/изборните предмети од првиот (зимски) семестар. Предметите од првиот семестар наведете ги и во индексот и во образецот.
Уплата за прв семестар, на образец ПП 50:
1.000,00 денари (прва рата) за набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар.
1.000,00 денари (прва рата) за набавка на онлајн ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар.
| Назив на примачот | Економски факултет – Скопје |
|---|---|
| Банка на примачот | НБРМ |
| Сметка | 100000000063095 |
| Сметка на буџетски корисник | 1600103697 788 10 |
| Приходна шифра и програма | 723019 41 |
| Образец | ПП 50 |
Во полето „Повикување на број“ се пополнува бројот според студиската програма:
Со почит, Економски факултет – Скопје
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани