Од обука до решение – повик за компании

Унапредување на вештини за одржливост преку управување со иновациски процес – проект USE IPM

⏳ Продолжен рок за пријавување: 5 ноември 2026 · Почеток: 19 ноември 2026

Економскиот факултет – Скопје ве поканува да ја вклучите вашата компанија во програмата за стипендирани обуки за вработени, во рамките на проектот USE IPM, финансиран од Европската унија.

Вашите вработени стекнуваат вештини, студентите се приклучуваат и заедно работат на реален предизвик на вашата компанија – а до април 2027 имате готово решение.

Пријави ја твојата компанија Онлајн формулар за пријавување – продолжен рок до 5 ноември 2026

Како изгледа програмата

5 обукиноември 2026 – март 2027

На Факултетот, стипендирани од ЕУ, домашни и странски предавачи. 2–4 дена ангажман месечно.

1 месецмарт 2027

Практикантство во вашата компанија.

1 решениеаприл 2027

Презентирано и оценето.

Што добива вашата компанија

Стипендирани напредни обуки

Секој вработен следи 5 обуки: 2 по избор + 3 според профилот и дејноста.

Решение за ваш предизвик

Производ, услуга, процес, ресурси, бизнис модел или нова пазарна можност во областа на одржливоста.

Свеж поглед и млади таленти

Студентски тим работи еден месец со вашите луѓе – шанса да запознаете идни вработени.

Сертификати и видливост

Сертификати за учесниците, покани за вмрежување и промоција на резултатите (со ваша согласност).

Како се учи? Помалку пасивно слушање, повеќе работа

Студии на случајВистински бизнис ситуации.
Тимски задачиОдлуки, дискусија и повратна информација.
Алатки и моделиАнализи, дијагноза на проблеми, креирање решенија.
РезултатиСекоја обука завршува со решение креирано од тимот од вработени и студенти.

Што очекуваме од вас

  • Номинирате 1–3 вработени за обуките
  • Предлагате еден деловен предизвик
  • Определувате ментор од обучените вработени
  • Примате 2–3 практиканти во март 2027

10 теми за обуки

  1. Управување со квалитетот и иновации во процесите
  2. МСП и глобални синџири на вредност
  3. ESG и известување за одржливост
  4. Трансфер на технологии и интелектуална сопственост
  5. Менаџмент на иновациски процеси и претприемачки алатки
  6. Развој на претприемачки меки вештини
  7. Критичко размислување, можности и решавање проблеми
  8. Отворени иновации и академија–бизнис соработка
  9. Динамички способности и иновациска подготвеност
  10. Инвестициска анализа на бизнис

Стипендирани обуки во рамките на проектот USE IPM, финансиран од Европската унија.

Целосниот плакат на повикот

Продолжен рок за пријавување: 5 ноември 2026 година.

Почеток на програмата: 19 ноември 2026. Пријавувањето се врши преку онлајн формуларот или преку QR кодот од плакатот.

Отвори формулар за пријавување →

Контакт: bojan.kitanovikj@eccf.ukim.edu.mk
Проект 101120390 – USE IPM – HORIZON-WIDERA-2022-TALENTS-03-01, финансиран од Европската унија. Изразените ставови и мислења се само на авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или на Европската извршна агенција за истражување.