Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на книгата Нобеловци по економија 1969-2020, под редакторство на академик Таки Фити, која е објавена во рамки на одбележувањето на Јубилејот „70 години Економски факултет – Скопје“.
Промоцијата на книгата Нобеловци по економија 1969-2020 ќе биде проследена со одбележувањето на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2020 година, настан кој традиционално се одржува на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Нобеловата награда за економија за 2020 година ја добија американските економисти Пол Милгром (Paul Milgrom) и Роберт Вилсон (Robert Wilson).
Агендата на настанот е следната:
| 1. Обраќање на Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет – Скопје |
| 2. Обраќање на Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје |
| 3. Акад. Таки Фити
– Промоција на книгата “Нобеловци по економија 1969-2020” – Значењето на Нобеловата награда за економија |
| 4. Проф. д-р Трајко Славески
– Придонесот на нобеловецот Пол Милгром за економската наука |
| 5. Проф. д-р Даниела Мамучевска |
| – Придонесот на нобеловецот Роберт Вилсон за економската наука |
Настанот ќе се одржи на 18 ноември 2020 година со почеток во 13 часот. Поради пандемијата на Ковид-19 конференцијата ќе се одржи онлајн на следниов линк: https://meet.google.com/oap-wdvr-aiu
Декан
Проф. д-р Предраг Трпески

