С О О П Ш Т Е Н И Е
Прв циклус студии: Пријавување на И С П И Т И за Јануарско-февруарска сесија, 2020/2021
Ве известуваме дека пријавувањето на испити во Јануарско-февруарската испитна сесија во учебната 2020/2021 година, во iKnow системот, ќе се одвива во периодот од:
30.12.2020 до 10.1.2021 година
Јануарско-февруарската испитна сесија ќе се одвива во два термини и секој предмет ќе може да се полага во 2 различни испитни термини. Вашата електронска пријава за испитот е важечка за двата термини.
Линк до распоредот за Јануарската испитна сесија
Пријавите за испитите од оваа сесија ќе ги доставувате во Одделението за студентски прашања при заверката на зимскиот/уписот на летниот семестар.
НАПОМЕНА:
*Доколку го пропуштите рокот за електронско пријавување на испитите, полагањето на испитите ќе биде возможно само преку Одделението за студентски прашања.
*евентуални технички проблеми при пријавувањето, треба да пријавите на administrator@eccf.ukim.edu.mk, најдоцна до 10.1.2021
* студентите кои немаат технички и просторни можности за полагање на далечина и сакаат да полагаат во просториите на факултетот под идентични услови, задолжително треба да се пријават кај матичниот професор и кај administrator@eccf.ukim.edu.mk, најдоцна до 10.1.2021
Со почит,
Економски Факултет – Скопје