Јунус центарот за социјални бизниси е истражувачки хаб за социјални бизниси основан од професорот по економија Мохамед Јунус, добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година. Центарот ги следи принципите и упатствата на професорот Јунус и се обидува да ја унапреди улогата на социјалниот бизнис во решавањето на најитните (приоритетните) проблеми во општеството поврзани со сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста, општествената инклузија, деградацијата на животната средина, како и унапредување на општествената благосостојба и квалитетот на живот на одржлив и ефективен начин.