- This event has passed.
АЛТЕРНАТИВНИ ФОРМИ НА КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАЊЕ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС
мај 25, 2022 @ 12:00
Event Navigation
Почитувани,
Имаме огромно задоволство да ве поканиме на настанот во организација на Катедрата за менаџмент на тема алтернативни форми на капитално финансирање кој ќе се одржи на 25мај 2022 (среда) со почеток во 12:00 часот.
Имате желба да се запознаете со нови можности за финансирање на вашиот бизнис потфат? Сакате да откриете нови можности за финансирање? Што претставуваат претприемачки фондови, crowdfunding платформи и акцелераторите? Како функционираат во нашата држава овие начини на финансирање?
Приклучете ни се да дознаете повеќе!
На настанот говорници ќе бидат
- Александар Стамболиев – Извршен директор на Бизнис Акцелераторот УКИМ
- Каролина Каровска Божиноска – Раководител на Одделот за едукација, промоција и развој на Македонска берза АД Скопје
- Татјана Вељковиќ– инвестициски советник со 15 годишно искуство во финансирање на мали и средни компании
Линкот на кој може да се вклучите и да ја следите дискусијата е: https://meet.google.com/ryd-iffa-hii
Сите заинтересирани се добредојдени да го проследат настанот!
Ве очекуваме.