
- This event has passed.
Виртуелен хакатон – ХАКИРАЈ ја сивата економија во Е-трговијата
мај 14, 2021 - мај 16, 2021
Event Navigation
Можност за студентите на Економски Факултет – Скопје да учествуваат во хакатон за борба против сивата економија во е – трговијата
Предизвикот на овој хакатон е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?“ и истиот е поделен на две категории: “Едуцирај и мотивирај“ и “Детектирај и сузбиј“. Студентите кои ќе бидат дел од хакатонот ќе имаат задача во текот на 48 часа да развијат иновативни решенија за намалување на сивата економија – одговарајќи на една од двете категории, со што преку категоријата „Едуцирај и мотивирај” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за подигнување на свеста за сивата економија и ќе мотивираат за нејзино избегнување, а преку категоријата „Детектирај и сузбиј” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за детектирање на сивата економија во е-трговијата и ќе делуваат корективно, преку вклучување на самите граѓани и е-купувачи.
Бројот на студентите кои може да учествуваат на хакатонот е ограничен на 50 студенти од Економски факултет – Скопје и ФИНКИ, кои со помош на врвни експерти од домашни компании и државни институции во улога на ментори на хакатонот, ќе развијат иновативни и практични решенија за борба против сивата економија во е-трговијата.
Наградниот фонд изнесува 3000 евра, а победничките решенија, кои ќе бидат одбрани од комисијата за евалуација ќе бидат наградени со цел, во соработка и координација на АЕТМ, да ги имплементираат нивните решенија.
Пријавувањето за учество на хакатонот започнува денес, а сите заинтересирани студенти од Економски факултет – Скопје и ФИНКИ може да се пријавуваат преку веб страницата: https://hackathon.ecommerce.mk/, индивидуално или во тим, најдоцна до 10ти мај.