Катедра по математика и статистика – Економски факултет, Скопје
„Подобри податоци, подобра иднина во ерата на вештачката интелигенција"
📅 20 октомври 2026 • 10:30 часот • Амфитеатар 2По повод десетгодишнината од воспоставувањето на Европскиот ден на статистиката, Катедрата по математика и статистика при Економскиот факултет – Скопје за првпат во Македонија го одбележува овој ден, под мотото „Подобри податоци, подобра иднина во ерата на вештачката интелигенција".
Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на одбележувањето на овој настан, во Амфитеатар 2 на Економскиот факултет – Скопје.
Ве покануваме да ни се придружите и заедно да разговараме за улогата на статистиката и податоците во обликувањето на подобра иднина.
Проф. д-р Мијалче Санта — Декан
Проф. д-р Драган Тевдовски
Проф. д-р Марија Трпкова-Несторовска
Проф. д-р Виолета Цветкоска и доц. д-р Филип Пеовски
Д-р Дејан Станков
Д-р Дејан Станков — директор на Државниот завод за статистика
Д-р Султанија Бојчева Терзијан — директор на секторот за монетарна политика, истражување и статистика во НБРСМ
Проф. д-р Весна Буцевска — професор на Економскиот факултет – Скопје
Проф. д-р Игор Ивановски — професор на Економскиот факултет – Скопје
М-р Виктор Митевски — извршен директор, здружение за истражување и анализи ЗМАИ
Модератор: Проф. д-р Драган Тевдовски
Презентација на истражувањата на три студентски тимови и избор на победник од страна на публиката.
Доц. д-р Виктор Стојкоски
Со почит, Катедра по математика и статистика – Економски факултет, Скопје
По повод десетгодишнината од воспоставувањето на Европскиот ден на статистиката, Катедрата по математика и статистика при Економскиот факултет – Скопје за првпат во Македонија го одбележува овој ден, под мотото „Подобри податоци, подобра иднина“.
Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на одбележувањето на овој настан на 20 октомври 2026 година, со почеток во 10:30 часот, во Амфитеатар 2 на Економскиот факултет – Скопје, под мотото „Подобри податоци, подобра иднина“.
Програмата ќе опфати интересни излагања за развојот и примената на статистиката, како и за можностите што ги отвораат машинското учење и вештачката интелигенција. Програмата продолжува со панел дискусија со учесници од академскиот, јавниот и невладиниот сектор, кои ќе разговараат за значењето и примената на статистиката и податоците во различни области.
Во завршниот дел, студентите ќе ги презентираат своите анализи во рамки на студентски дататон. По презентациите ќе следува гласање и прогласување на победникот.
Ве покануваме да ни се придружите и заедно да разговараме за улогата на статистиката и податоците во обликувањето на подобра иднина.
Со почит,
Катедра по математика и статистика
Економски факултет – Скопје
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани