fbpx
Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

„ЕРАЗМУС+ како ИСКУСТВО +“ (онлајн настан)

октомври 15 @ 13:00 - 14:30

 

На 15.10.2021 година, петок, од 13.00 – 14.30 часот Економскиот факултет-Скопје при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје ќе одржи онлајн настан со наслов

„ЕРАЗМУС+ како ИСКУСТВО + “

На овој настан неколку студенти кои биле на Еразмус+ студентска мобилност и/или пракса (во последните 5 години) ќе ги споделат своите искуства како студенти на размена и студенти-практиканти и ќе посочат како ова искуство претставува додадена вредност за нив како млади луѓе кои доаѓаат од земја од Западен Балкан.

Студентите ќе ги споделат и своите лични препораки за тоа:

  • ЗОШТО да се аплицира за Еразмус+ студентска мобилност/практиканство?
  • КАКО да се подготви успешна апликација во соработка со Факултетот/Универзитетот?
  • ДАЛИ „ЕРАЗМУС+ е навистина ИСКУСТВО + “ ?

Со овој настан Економскиот факултет-Скопје, УКИМ се приклучува кон одбележување на #ЕразмусДенови (#ErasmusDays) каде како институција вклучена во Еразмус+ програмата – најголемата програма на Европската унија за образование, обука, млади и спорт,  ќе имаме  можност да бидеме дел од интерактивната мапа со настани во рамки на Еразмус+ деновите (кои ќе се одржат на 14-ти, 15-ти и 16-ти октомври 2021 година), заедно со другите европски институции- настани внесени на меѓународната карта на официјалната веб -страница https://erasmusdays.eu

ЛИНК за да го проследите настанот

ЛИНК до објавата на настанот на Фејсбук

Сите заинтересирани сте топло добредојдени да го проследите овој настан.

Ве очекуваме!

Со почит,

Ваш Економски факултет-Скопје, УКИМ

 

Details

Date:
октомври 15
Time:
13:00 - 14:30
Website:
https://meet.google.com/kum-ryts-xpv

Organizer

Економски факултет-Скопје,УКИМ

Venue

е-настан