Loading Events
Почитувани,
 
По повод Денот на Европа, Жан Моне Катедрата, Центарот за податоци и информации на Европската Унија (ЕУи) и Факултетското студентско собрание на Економски факултет – Скопје со голема чест и задоволство Ве покануваат на свеченото обраќање и предавање од Н.Е. г-дин Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија на тема: „Зелената транзиција на ЕУ и нејзините импликации за Западен Балкан“. 
 На настанот ќе бидат доделени и наградите за најдобрите есеи од спроведениот конкурс наменет за студентите на Економски факултет – Скопје.
 Детали за настанот:

📆 Датум: 5 мај 2025 година 
⏲  Време: 11:30 – 13:00 часот
📍Место на одржување: Амфитеатар 2, Економски факултет – Скопје
Го очекуваме вашето присуство и активно учество во дискусијата на овој настан!

Со почит,
Економски факултет – Скопје