- This event has passed.
Како до поголема вработливост во услови на дигитализација на економијата
мај 10 @ 12:00 - 14:00
Event Navigation
Со големо задоволство најавуваме дека Катедрата по Економија, на 10 мај 2023 година (среда) организира работилница на тема „Како до поголема вработливост во услови на дигитализација на економијата“.
На работилницата ќе се разговара за прашања поврзани со актуелните предизвици на пазарот на труд во земјата, очекувани ефекти од дигитализацијата врз побарувачката за труд и појавата на нови работни места, кои нови вештини ги побаруваат фирмите од вработените и сл..
Работилницата ќе се одржи во Амфитеатар 2, со почеток во 12:00 часот.
Сите заинтересирани се добредојдени да го проследат настанот!
Ве очекуваме.