Loading Events
Драги студенти,

Економскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) со големо задоволство Ве поканува на настанот „КАРИЕРЕН ДЕН НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ, УКИМ“ што ќе се одржи на 14 октомври 2026 година, во просторот на Економски факултет-Скопје, УКИМ (ЕФ, УКИМ).

Датум: 14.10.2026, среда.
Време: 10.00 -13.00 часот.

Настанот е во организација на Центарот за кариера на Економски факултет-Скопје, УКИМ и во соработка со ФСС на ЕФ, УКИМ (Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ), а со цел да ги доближиме компаниите до вас- студентите, проширувајќи ги вашите кариерни можности.
На овој настан, компаниите имаат можност да остварат директен контакт со вас-студентите и да ги презентираат своите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите, што веруваме дека ќе биде мотивација и поттик за вас-студентите во вашиот понатамошен кариерен развој.

Од друга страна, сите студенти сте добредојдени да ги посетат штандовите на компаниите – учесници и да продискутирате за своите интереси, да донесете ваша куса биографија (CV) на самиот штанд каде се компаниите и да остварите директен контакт за себе промоција , пронаоѓање на пракса и/или вработување.
Ве очекуваме!
Економски факултет – Скопје, УКИМ