fbpx
Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

НОБЕЛОВЦИ ПО ЕКОНОМИЈА 1969-2020

ноември 18, 2020 @ 13:00 - 14:30

Почитувани,

 

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на промоцијата на книгата Нобеловци по економија 1969-2020, под редакторство на академик Таки Фити, која е објавена во рамки на одбележувањето на Јубилејот „70 години Економски факултет – Скопје“.

Промоцијата на книгата Нобеловци по економија 1969-2020 ќе биде проследена со одбележувањето на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2020 година, настан кој традиционално се одржува на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Нобеловата награда за економија за 2020 година ја добија американските економисти Пол Милгром (Paul Milgrom) и Роберт Вилсон (Robert Wilson).

Агендата на настанот е следната:

1.      Обраќање на Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет – Скопје
2.     Обраќање на Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
3.     Акад. Таки Фити

–         Промоција на книгата Нобеловци по економија 1969-2020

–         Значењето на Нобеловата награда за економија

4.     Проф. д-р Трајко Славески

–         Придонесот на нобеловецот Пол Милгром за економската наука

5.     Проф. д-р Даниела Мамучевска
–         Придонесот на нобеловецот Роберт Вилсон за економската наука

Настанот ќе се одржи на 18 ноември 2020 година со почеток во 13 часот. Поради пандемијата на Ковид-19 конференцијата ќе се одржи онлајн на следниов линк: https://meet.google.com/oap-wdvr-aiu

 

Декан                                                                                                                                     

Проф. д-р Предраг Трпески

 

Details

Date:
ноември 18, 2020
Time:
13:00 - 14:30
Website:
https://meet.google.com/oap-wdvr-aiu

Organizer

Економски факултет – Скопје, УКИМ
View Organizer Website

Venue

е-настан
Comments are closed.