Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Одбележување на доделувањето на нобеловата награда за економија за 2023 година

декември 5, 2023 @ 11:00

На 5 декември 2023 година, со почеток во 11.00 часот, во Амфитеатар 2, ќе се одбележи доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2023 година, настан кој традиционално се одржува на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

 

Следејќи ја повеќегодишната традиција, Катедрата за Економија и оваа година го организира настанот посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2023 година на американската економистка Клаудија Голдин

 

Покана за одбележување на доделувањето на нобеловата награда за економија за 2023 година

 

Агендата на настанот е следната:

Поздравен говор – Проф. д-р Даниела Бојаџиева, Раководител на Катедрата за Економија

За значењето на Нобеловата награда за економија и за придонесот на нобеловецот Клаудија Голдин ќе говорат:

 

Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет – Скопје

Академик  Таки Фити

Проф. д-р Билјана Ташевска

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Details

Date:
декември 5, 2023
Time:
11:00

Organizer

Економски факултет – Скопје, УКИМ
View Organizer Website
Comments are closed.