Loading Events
На 29.9.2025 со почеток во 11:00 часот, во Читалната на Економскиот факултет – Скопје ќе се одржи првиот ориентациски ден. Ќе се обрати деканот на факултетот, ќе се претстави Центарот за кариера и ќе се одржат интерактивен квиз, мини-работилница со практични совети за учење, нови пријателства и менаџирање на време (со брзи техники и мала групна активност за план за првиот месец). Предвидена е и  сесија „Прашања и одговори“ во која ќе одговориме на вашите прашања поставени преку оваа форма.
 
На 30.9.2025 со почеток во 11:00 часот, во Амфитеатар 4  ќе се одржи официјалниот академски дел. Ќе се обрати продеканката за настава и предметните професори по  Математика, Економија, Сметководство и Статистика. На крајот ќе се запознаете и со функционирањето на Службата за студентски прашања.
 
Пополни ја кратката пријава за да го резервираш своето место на Ориентациските денови на Економскиот факултет – Скопје — 29 и 30 септември 2025.  https://forms.gle/yjLDNDXK1fX3wx2n6