fbpx
Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Отворен ден на Економски факултет -Скопје, УКИМ

август 18, 2021 @ 10:00 - 12:00

Драги матуранти, наши идни студенти,
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 18 и 19 август организира „Отворен ден на УКИМ“. Настанот ќе се одржи online преку платформата Microsoft Teams.
Видеконференциската сесија со Економски факултет-Скопје ќе се одржи на 18 август, 10 – 12 часот. Линкот за пристап можете да го преземете од следниот линк: http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности….
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Comments are closed.