Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Отворен ден на УКИМ

април 27, 2023 @ 10:00 - 12:00

Драги матуранти, наши идни студенти! 

 

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 27 април 2023 во два термина, во   10:00 часот и во  12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. 

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. 

Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории… 

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја! 

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје! 

 

Се гледаме на 27 април.

Details

Date:
април 27, 2023
Time:
10:00 - 12:00
Comments are closed.