Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Официјалното отворање на ProLab – новиот креативен простор наменет за студентите на Економскиот факултет – Скопје

октомври 1, 2025 @ 12:30 - 13:30

Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со ПроКредит Банка, со особена чест и задоволство ве поканува на свеченото отворање на новата креативна лабораторија ProLab.
Настанот ќе се одржи на 1 октомври 2025 година (среда), со почеток во 12:30 часот, во просториите на Економскиот факултет – Скопје.
Настанот ќе опфати кратко воведно обраќање од страна на ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мијалче Санта и член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, г-дин Милан Дамчевски, свечено пресекување лента и презентација на функциите и намената на ProLab како иновативен простор за студентска креативност, практична работа и соработка.
Отворањето на ProLab претставува значаен чекор во унапредувањето на академската и практичната работа на студентите, обезбедувајќи современ простор за развој на креативноста, иновативноста и зајакнување на врската со бизнис-заедницата.

Details

  • Date: октомври 1, 2025
  • Time:
    12:30 - 13:30

Organizer

Venue

  • Економски факултет – Скопје
  • бул. Гоце Делчев бр.9В
    Скопје, Центар 1000 North Macedonia
    + Google Map