Loading Events

Панел дискусија: Регионална соработка на земјите од Западен Балкан

Неопходен чекор кон пристап до Внатрешниот пазар на ЕУ

📅 30 ноември 2026 (понеделник) · 11:00 – 12:30

Економскиот факултет – Скопје ве поканува на панел дискусија за регионалната соработка на земјите од Западен Балкан како неопходен чекор кон пристап до Внатрешниот пазар на Европската унија.

Настанот ќе ги опфати економската дипломатија и надворешната трговија во процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, значењето на регионалната соработка и 20-годишното искуство на CEFTA, а студентите ќе имаат можност да постават прашања.

Панел дискусија: Регионална соработка на земјите од Западен Балкан Зголеми
Датум30 ноември 2026понеделник
Време11:00 – 12:30 часот 
МестоСала за состаноциЕкономски факултет – Скопје
Агенда на панел дискусијатаЦелосна агенда (PDF, на англиски јазик)

Модератор

Проф. д-р Елена Макревска Дисоска Раководител на Катедрата за надворешна трговија · Jean Monnet Chair

Панелисти

Г-дин Тане Димовски

Директор на Дирекцијата за економска и јавна дипломатија, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Г-ѓа Бранкица Ѓорѓиев

Раководител на сектор во Дирекцијата за економска и јавна дипломатија и контакт-точка за CEFTA на Северна Македонија, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Г-ѓа Татјана Стерјова Душковска

Оперативен директор за развој, иновации и знаење, Стопанска комора на Северна Македонија

Агенда

11:00 – 11:15
Поздравни обраќањаПроф. д-р Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет – Скопје
Проф. д-р Елена Макревска Дисоска
11:15 – 11:30
Економска дипломатија и надворешна трговија во процесот на проширување на ЕУ кон Западен БалканГ-дин Тане Димовски
11:30 – 11:45
Значењето на регионалната соработка за Западен БалканГ-ѓа Бранкица Ѓорѓиев
11:45 – 12:00
20 години CEFTA: либерализација на трговијата, регионална економска интеграција и улогата на стопанските комориГ-ѓа Татјана Стерјова Душковска
12:00 – 12:30
Прашања од студентите

Настанот е ко-финансиран од Европската унија во рамките на проектот Erasmus+ Jean Monnet Chair „Strengthening Knowledge on the EU Internal Market – Expanding Perspectives of Candidate Countries“ (2024–2027). Изразените ставови и мислења се само на авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската унија или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да се сметаат за одговорни за нив.

Се вчитува документот…
Документот се вчитува побавно од вообичаено. Отвори во нов таб