fbpx
Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

ПАНЕЛ на тема „Влијанието и предизвиците на COVID-19 пандемијата врз образовните процеси и практики“

септември 17 @ 12:00 - 13:30

Почитувани колеги и колешки,
Со задоволство го објавуваме повикот за учество со есеј на првиот панел настан организиран од Економскиот факултет – Скопје, „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Macedonian American Alumni Association (МААА).
Целта на настанот е соединување на младите умови, академијата и бизнис секторот и дискусија за тековните и сериозни влијанија на COVID-19 пандемијата врз образованието, организациските процеси и операции како и предизвиците и обидите за справување со ситуацијата предизвикана од COVID-19, со цел откривање соодветни методи за поефикасни образовни, бизнис практики и стратегии насочени кон дигитализација и технолошки промени.
Темата на настанот е „Влијанието и предизвиците на COVID-19 пандемијата врз образовните процеси и практики“. За таа цел, на настанот ќе учествуваат меѓународни, регионални и национални претставници од бизнис секторот и професори кои ќе одржат пленарни дискусии.
Се повикуваат сите заинтересирани да испратат есеј на истата тема: „Влијанието и предизвиците на COVID-19 пандемијата врз образовните процеси и практики“ Есеите потребно е да бидат изработени во опфат од максимум 6 страни и може да бидат изработени на македонски или англиски јазик. Истите потребно е да бидат фокусирани на:
• лидерство и стратешко донесување одлуки во образованието за време на пандемијата
• анализа на промените на институционалните/организациските улоги и одговорности
• управување со кризи во високото образование и имплементацја на соодветни методи за справување
• искуства на вработените, студентите и други засегнати страни – lessons learned
• пристапи кон обезбедување квалитет и мобилност
• пренасочување кон онлајн настава, учење и проценки и влијание врз резултатите од учењето
• прилагодување на дизајнот на програмата и испорака на наставната програма за идните студенти
• перформанси на вработените и студентите во рамките на дигиталната/виртуелната средина, вклучувајќи аспекти на градење капацитети, континуиран професионален развој, доусовршување и преквалификација
• инфраструктурни промени на модерните технологии во образованието
• искуства за развој или спроведување на упатства и политики за јавно здравје за образовни услови во услови на криза
• размислувања за привремени наспроти трајни решенија и импликации
• најдобри практики и иновации за максимизирање на враќањето во образовните институции
Краен рок за поднесување на есејот: 15 септември 2021 година
Онлајн настан : 17 септември 2021 година во 12 часот
Есеите потребно е да се испратат на dimitar.jovevski@eccf.ukim.edu.mk.
Повеќе инфо на следниов линк: https://fb.me/e/2ITgaCChn
Настанот ќе се одржи online на 17 септември, a најдобриот есеј оценет од комисијата, следува награда награда.
Ве молиме слободно споделете го овој повик за есеи со вашите колеги.
Со нетрпение Ве очекуваме.
Се најдобро,
Економски факултет – Скопје

Details

Date:
септември 17
Time:
12:00 - 13:30
Website:
https://fb.me/e/2ITgaCChn

Venue

Економски факултет – Скопје