Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Повик за учество на обука: Станете шампиони за социјално претприемништво

септември 26, 2023 - септември 28, 2023

Сакаш да го промениш светот? Имаш идеја која може да реши важен општествен проблем? Можеш да работиш со свои врсници на развој на нов производ или услуга кои решаваат проблеми поврзани со сиромаштијата, невработеноста, нееднаквоста, образованието, здравиот начин на живот, урбаното живеење или руралните можности за развој, спорт, наука, рекреација, животна средина, општествена благосостојба и многу други? Сакаш да се запознаеш со врсници и докажани експерти од кои можеш да научиш нови работи? Оваа обука е за тебе!

Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет-Скопје и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности организираат обука за унапредување на вештини и знаења за социјално претприемништво.

Кога: 26-28 септември, 2023 година

Каде: Скопје

 

Што добиваш?

  • Нови знаења и вештини од областа на социјалното претприемништво и развој на социјални бизнис идеи
  • Признание за учесници со највисоко рангирани идеи за социјален бизнис
  • Сертификат за учество
  • Менторска поддршка од домашни и меѓународни експерти во полето на социјалното претприемништво
  • Можности за вмрежување и размена на искуства со колеги учесници и искусни гости говорници
  • Запознавање и соработка со мрежа на млади ентузијасти за социјално претприемништво и претприемачи
  • Откривање потенцијални можности за понатамошна поддршка на реални проекти

 

Што вклучува обуката?

  • Напредна програма која ќе ги опфати следните теми: разбирање на социјалното претприемништво и неговите принципи и карактеристики, препознавање социјални проблеми, целни групи и можни решенија, употреба на техниката „дизајнерско размислување“ (Design Thinking) и алатката бизнис модел канвас (Business Model Canvas), развој на идеи, презентирање на идеи (pitching)
  • Практично искуство: вежби и симулации за развој на бизнис идеи за решавање општествени проблеми
  • Мотивациски предавања: Запознај и разговарај со социјални претприемач/ки

Програмата предвидува практично искуство под менторство на домашни и меѓународни експерти, а е дизајнирана со цел да ги унапредиш своите вештини и знаења за социјално претприемништво.

 

Кој може да учествува на обуката?

Во потрага сме по млади ентузијасти, носители на позитивни промени, пркосници на „статус квото“, обликувачи на подобар свет, визионери и лидери.

На обуката може да учествуваш доколку имаш помеѓу 17 и 27 години, си во Скопје на 26, 27 и 28 септември и можеш да посветиш помеѓу 6 и 8 часа дневно за твојот личен и професионален развој, сакаш да направиш промена во светот, да започнеш свое социјално претпријатие или да се запознаеш со концептот на социјалното претприемништво.

Може да се пријавиш сам/а или во тим од најмалку 3 до 5 членови. За потребите на обуката, сите учесници ќе бидат во тимови, па доколку се пријавите како тим, ќе можеш да соработуваш со пријатели кои ги познаваш и заедно ќе може да научите повеќе за развој на ваша социјална бизнис идеја. А доколку се пријавиш сам/а, не се грижи – ќе бидеш распределен/а во тим и ќе можеш да запознаеш нови врсници и да ја градиш својата мрежа на пријатели и потенцијални идни соработници.

Може да се приклучите на оваа обука без никакви трошоци.

 

Што после обуката?

По завршување на обуката ќе имаш можност да добиеш пост-програмска поддршка од менторите и обучувачите во вид на континуирано насочување и размена на едукативни ресурси и материјали:

  • Поддршка во следната фаза на формулирање и имплементирање стратегии каде експертите ќе ги насочуваат учесниците преку практични чекори за реализација на бизнис моделите
  • Континуирано менторство од страна на домашни и меѓународни експерти, добивање нови знаења од нив и проширување на мрежата на контакти
  • Запознавање со начините за финансирање социјални бизнис идеи, при што ќе можеш да научиш за изворите на финансирање, стратегиите за инвестирање и како да обезбедиш потребен капитал за развој на социјално претпријатие.
  • Можност за учество на глобалниот настан за климатски промени „Климатон 2023“ кој ќе се одржи во Скопје на 27 и 28 октомври, 2023 г.

 

Како да се пријавиш?

Пријавувањето за обуката е во тек, а местата се ограничени. Пријави се веднаш и обезбеди место со пополнување на формуларот за учество на обука на овој линк. Крајниот рок за пријавување е 20 септември 2023 година.

За дополнителни информации контактирајте нè на мејл адресата bojan.kitanovikj@eccf.ukim.edu.mk или на телефонскиот број 070874722.

Биди дел од промената што сакаш да ја видиш во општеството.

 

Обуката се организира со поддршка од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центар за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје.

Мислењата изразени на оваа веб страница им припаѓаат на авторите/„Јунус центар за социјални бизниси“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

Details

Start:
септември 26, 2023
End:
септември 28, 2023

Venue

Скопје
Comments are closed.