fbpx
Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА на тема „ Нелт и долгорочната перспектива во светот на дистрибуција и логистика“

март 5, 2020 @ 15:00 - 16:30

 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА НЕЛТ СТ 1/2020

на тема

Нелт и  долгорочната перспектива во светот на дистрибуција и логистика“

 

Почитувани студенти,

 

Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ЕФ Скопје, УКИМ) во соработка со НЕЛТ СТ , најавува одржување на првата од првиот циклус на работилници на тема:

Нелт и  долгорочната перспектива во светот на дистрибуција и логистика“

  1. Запознајте нѐ – Ние сме Нелт…
  2. Зошто секој вработен е важен за нас? – Еден кариерен пат во Нелт преку едукациски и мотивациски активности; Споделување на лични примери и искуства
  3. Совети и пракси за патот до посакуваното  работно место

 

Датум на одржување: 5.03.2020 година (четврток)

Локација: Економскиот факултет  – Скопје (Предавална 10)

Време: 15.00-16.30

Профил на учесници:  студенти на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ

Предавач:

Милена Јовановиќ – HR Business Partner https://www.linkedin.com/in/milena-jovanovikj-813937a5/

Јасна Костеска Junior HR Business Partner https://www.linkedin.com/in/jasna-kosteska-1b6074154/

Билјана Марас Ефремов Portfolio Manager https://www.linkedin.com/in/biljana-maras-38aa0813a/

Александар Наумоски е на позиција Business Development Manager, а по професија дипломиран економист на смер E-Бизнис. Своето долгогодишно искуство го има стекнато на повеќе позиции во Сектор Дистрибуција од Агент за продажба, Account Manager, Key Account Manager, како и Менаџер за развој на продажна организација во Косово.

 

Број на учесници: максимум 40 студенти.

 

УЧЕСТВОТО НА РАБОТИЛНИЦАТА Е БЕСПЛАТНО.

 

Секогаш е интересно да се дружиш со студенти и се радуваме на овие средби” – ни сподели тимот на Нелт. Ние сме секогаш расположени да споделуваме совети и пракси од секојдневното работење, а и да размениме  информации и идеи со  новите генерации и наши идни, потенцијални вработени и колеги.

 

Тимот од HR секторот и продажниот менаџмент тим  на Нелт e навистина расположен да поминете едно заедничко неформално и едукативно време преку заеднички разговори, пракси, вежби и симулации, а со цел поголемо доближување до  современиот корпоративен свет. Бидете неколку часа дел од нивниот Нелт свет!

 

Сите заинтересирани студенти можат да се пријават со доставување на следните податоци:

 

Име и презиме:

Департман:

Година на студии:

Контакт телефон:

Контакт е-mail:

 

 

Податоците треба да се достават на ck@eccf.ukim.edu.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА РАБОТИЛНИЦА НЕЛТ  1/2020.

 

Повикот е отворен до 04.03.2020  (заклучно со 04.03.2020, 15.00  часот).

 

Списокот со избраните кандидати ќе биде истакнат на веб страната и на фан страната на Економски факултет на Фејсбук на 04.03.2020год.  од страна на Центарот за кариера.

 

НАПОМЕНА: Секој студент кој ќе се види на списокот е всушност и слушател на работилницата. Бидејќи бројот на слушатели е ограничен, принципот е „прв пријавен-прв избран“ т.е. првите 40 пријавени ќе бидат и избрани како учесници.

 

 

Со почит,

Центар за кариера

Економски факултет-Скопје, УКИМ

 

Details

Date:
март 5, 2020
Time:
15:00 - 16:30

Organizer

Економски факултет-Скопје, УКИМ и НЕЛТ СТ
Comments are closed.