- This event has passed.
Работилница „The power of neuromarketing“
март 7 @ 11:00
Event Navigation
Со големо задоволство најавуваме дека оваа година Катедрата Маркетинг организира работилница, со физичко присуство, која ќе се реализира на 7 март 2023 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, на тема: The power of neuromarketing.
На настанот, ќе се објасни како со примена на невромаркетингот односно со употреба на напредна биометриска технологија во маркетинг-истражувањето може да се разбере на кој начин потрошувачите ги перцепираат и реагираат на маркетинг-стимулите. Преку примери од македонската практика во невромаркетингот ќе се презентираат добиените резултати и заклучоци во функција на дефинирање ефективни маркетинг-стратегии кои ќе го подобрат целокупното искуство на потрошувачите и ќе резултираат во остварување на целите на брендот.
Работилницата ќе се одржи во Амфитеатар 2.
Сите заинтересирани се добредојдени да го проследат настанот!
Ве очекуваме.
Со почит,
Економски факултет – Скопје, УКИМ