Loading Events

Почитувани,

Со голема чест и задоволство би сакале да Ве поканиме да учествувате на семинарот „Сознанија од четвртиот работен пакет на проектот Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција (SKILLS4JUSTICE)“ кој ќе се одржи на 26 февруари 2026 година (четврток) на Економски факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 11:00 до 14:00 часот.

Дали трудовата миграција во Северна Македонија води до реална интеграција на пазарот на труд или само до брза вработливост со ограничено искористување на вештините и нејасни стандарди на правичност? Во фокус на презентацијата на резултати и панел дискусијата со експерти во областа „Од одлив на кадар до циркулација на таленти: како заедно да создадеме одржливи решенија“ семинарот ќе се осврне на начинот на пристигнување и каналите за влез во работа ја одредуваат почетната позиција на мигрантите, како нивните формални и практични вештини се препознаваат и усогласуваат со работните места и како тоа се одразува врз чувството на фер третман и пристап до права.
 
Семинарот ќе претставува и одлична можност за вмрежување со клучни засегнати страни од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, високото образование и претставници на носителите на одлуки како и заедничко изнаоѓање решенија и препораки за справување со овие општествени феномени кои силно влијаат на македонското стопанство.
 

Силно веруваме дека Вашите сознанија и искуства значително ќе придонесат кон успешната реализација на настанот и истиот ќе биде катализатор за размена на добри практики како и развој на нови идеи и партнерства за Вас и Вашата организација.

Со цел потврдување на Вашето присуство, би сакале да Ве замолиме да го пополните формуларот за регистрација на следниот линк: https://forms.gle/k5aNT8Gdr1nQvDVNA
 
Го очекуваме Вашето присуство!