Трета олимпијада по сметководство – „Повеќе од знаење“
септември 18 - септември 21
Event Navigation
Почитувани студенти, со задоволство ве информираме дека Катедрата по Сметководство и ревизија објавува повик за пријавување за учество на Трета олимпијада по сметководство – „Повеќе од знаење“. Настанот ќе се одржи во периодот од 18-21 септември 2023 г. во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Истиот ќе биде од натпреварувачки, рекреативен и забавен карактер. Меѓу другото, свои презентации и обуки ќе имаат и дел од реномирани, меѓународни ревизорски и сметководствени фирми, со можности за конекција на студентите со истите.
Сите заинтересирани студенти потребно е да се пријават на линк-от подолу, најдоцна до 05.06.2023 год.
https://forms.gle/nzELzHdbPqiuhPQj7
Со почит,
Економски факултет – Скопје