Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Виртуелен хакатон – ХАКИРАЈ ја сивата економија во Е-трговијата

мај 14, 2021 - мај 16, 2021

Можност за студентите  на Економски Факултет – Скопје да учествуваат во хакатон за борба против сивата економија во е – трговијата

Предизвикот на овој хакатон е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?“ и истиот е поделен на две категории: “Едуцирај и мотивирај“ и “Детектирај и сузбиј“. Студентите кои ќе бидат дел од хакатонот ќе имаат задача во текот на 48 часа да развијат иновативни решенија за намалување на сивата економија – одговарајќи на една од двете категории, со што преку категоријата „Едуцирај и мотивирај” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за подигнување на свеста за сивата економија и ќе мотивираат за нејзино избегнување, а преку категоријата „Детектирај и сузбиј” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за детектирање на сивата економија во е-трговијата и ќе делуваат корективно, преку вклучување на самите граѓани и е-купувачи.

Бројот на студентите кои може да учествуваат на хакатонот е ограничен на 50 студенти од  Економски факултет – Скопје и ФИНКИ, кои со помош на врвни експерти од домашни компании и државни институции во улога на ментори на хакатонот, ќе развијат иновативни и практични решенија за борба против сивата економија во е-трговијата.

Наградниот фонд изнесува 3000 евра, а победничките решенија, кои ќе бидат одбрани од комисијата за евалуација ќе бидат наградени со цел, во соработка и координација на АЕТМ, да ги имплементираат нивните решенија.

Пријавувањето за учество на хакатонот започнува денес, а сите заинтересирани студенти од Економски факултет – Скопје и ФИНКИ може да се пријавуваат преку веб страницата: https://hackathon.ecommerce.mk/, индивидуално или во тим, најдоцна до 10ти мај.

Details

Start:
мај 14, 2021
End:
мај 16, 2021
Website:
https://hackathon.ecommerce.mk/
Comments are closed.