Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Деловно-Технолошкиот Акцелератор УКИМ

март 22, 2022 @ 14:00 - 18:00

Почитувани,

Со големо задоволство сакаме да ве поканиме на промоција на следните активности на Акцелератор УКИМ кои ќе се спроведат во 2022 година:

– INNO-SAE – студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите и работа на идеи кои можат да се развијат во прототип. Истовремено, INNO-SAE им овозможува на студентите да ги развиваат и своите претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап.

– EIT Jumpstarter 2022 – програма наменета за членови на академската заедница со идеја за производ или услуга за примена на постоечките пазари во (1) здравство, (2) агро-храна, (3) суровини, (4) производство, (5) урбана мобилност или (6) енергија, и сакате да ја изнесете вашата идеја надвор од лабораторијата на пазарот;

– БАУ АПА 2022 – Акцелераторска програма наменета за компании кои имаат имаат потреба од ново знање и потенцијал за надградување и трансформирање на иновативните решенија во профитабилен бизнис.

Настанот ќе се одржи на 22 март во 14:00 часот онлајн на следниот линк: https:// zoom.us/j/94369511925?pwd=TmdRcnRYSWRsREJveEpnam5FdVByZz09

 

За Акцелераторот УКИМ

Акцелератор УКИМ е формиран во 2018 година, и за прв пат во Р. Македонија, воведува ефективна и структурирана програма за забрзување/акцелерирање на бизнисот, вклучувајќи пред-акцелераторска и акцелераторска програма и пристап до финансии, насочени кон технолошки напредни и иновативни нови компании во Македонија. Избраните стартапи и претприемачите кои ќе бидат поддржани со иницијални инвестиции, ќе добијат соодветна помош за забрзување врз основа на нивните индивидуални потреби, со фокус на развој на бизнисот и производите / услугите преку мрежа на национални и меѓународни ментори. Покрај тоа, ќе биде обезбедена технолошка поддршка преку факултетите и истражувачкиот персонал од УКИМ, вклучувајќи и пристап до лабораториите. Натамошните инвестиции ќе бидат насочени кон иновативните стартапи со најголем потенцијал за раст и комерцијализација.

Вкупниот буџет за инвестиции на Акцелераторот УКИМ за периодот од 2019 до 2022 година изнесува €500.000. За повеќе информации слободно контактирајте не на accelerator@ukim.edu.mk и 071.578550.

 

Скопје, март 2022 година                                                                                                                                                                          \

Александар Стамболиев,

Извршен директор

Details

Date:
март 22, 2022
Time:
14:00 - 18:00
Website:
https://www.facebook.com/EkonomskiFakultetSkopje/posts/5256315334387568
Comments are closed.