Loading Events

Европски ден на статистиката 2026

Катедра по математика и статистика – Економски факултет, Скопје

„Подобри податоци, подобра иднина во ерата на вештачката интелигенција"

📅 20 октомври 2026  •  10:30 часот  •  Амфитеатар 2

По повод десетгодишнината од воспоставувањето на Европскиот ден на статистиката, Катедрата по математика и статистика при Економскиот факултет – Скопје за првпат во Македонија го одбележува овој ден, под мотото „Подобри податоци, подобра иднина во ерата на вештачката интелигенција".

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на одбележувањето на овој настан, во Амфитеатар 2 на Економскиот факултет – Скопје.

Ве покануваме да ни се придружите и заедно да разговараме за улогата на статистиката и податоците во обликувањето на подобра иднина.

Датум Вторник, 20 октомври 2026
Час 10:30 – 12:45 часот
Локација Амфитеатар 2, Економски факултет – Скопје
Целосна агенда на настанот Детален распоред на сесии и говорници (PDF)

Програмата ќе опфати

Излагања за развојот и примената на статистиката
Машинско учење и вештачка интелигенција
Панел дискусија со академскиот, јавниот и невладиниот сектор
Студентски дататон, гласање и прогласување победник

Агенда на настанот

10:30–10:40

Отворање на Европскиот ден на статистиката

Проф. д-р Мијалче Санта — Декан

Проф. д-р Драган Тевдовски

10:40–10:50

Од пребројување до предвидување: приказната за статистиката

Проф. д-р Марија Трпкова-Несторовска

10:50–11:00

Вештачката интелигенција и статистиката

Проф. д-р Виолета Цветкоска и доц. д-р Филип Пеовски

11:00–11:10

Унапредување на официјалната статистика преку примена на вештачката интелигенција

Д-р Дејан Станков

11:10–11:40

Панел дискусија за улогата на статистиката во економијата и општеството

Д-р Дејан Станков — директор на Државниот завод за статистика

Д-р Султанија Бојчева Терзијан — директор на секторот за монетарна политика, истражување и статистика во НБРСМ

Проф. д-р Весна Буцевска — професор на Економскиот факултет – Скопје

Проф. д-р Игор Ивановски — професор на Економскиот факултет – Скопје

М-р Виктор Митевски — извршен директор, здружение за истражување и анализи ЗМАИ

Модератор: Проф. д-р Драган Тевдовски

11:40–12:20

Финале на студентскиот дататон

Презентација на истражувањата на три студентски тимови и избор на победник од страна на публиката.

Доц. д-р Виктор Стојкоски

12:20–12:45

Неформална интеракција помеѓу учесниците

Со почит, Катедра по математика и статистика – Економски факултет, Скопје

Документ

Отвори
Се вчитува документот…
Документот се вчитува побавно од вообичаено. Отвори во нов таб

Европски ден на статистиката 2026

По повод десетгодишнината од воспоставувањето на Европскиот ден на статистиката, Катедрата по математика и статистика при Економскиот факултет – Скопје за првпат во Македонија го одбележува овој ден, под мотото „Подобри податоци, подобра иднина“.

 

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на одбележувањето на овој настан на 20 октомври 2026 година, со почеток во 10:30 часот, во Амфитеатар 2 на Економскиот факултет – Скопје, под мотото „Подобри податоци, подобра иднина“.

 

Програмата ќе опфати интересни излагања за развојот и примената на статистиката, како и за можностите што ги отвораат машинското учење и вештачката интелигенција. Програмата продолжува со панел дискусија со учесници од академскиот, јавниот и невладиниот сектор, кои ќе разговараат за значењето и примената на статистиката и податоците во различни области.

 

Во завршниот дел, студентите ќе ги презентираат своите анализи во рамки на студентски дататон. По презентациите ќе следува гласање и прогласување на победникот.

 

Ве покануваме да ни се придружите и заедно да разговараме за улогата на статистиката и податоците во обликувањето на подобра иднина.

 

Со почит,
Катедра по математика и статистика
Економски факултет – Скопје