Loading Events
Драги наши студенти,  
 
Економскиот факултет – Скопје доби покана од Институтот за економија при Универзитетот во Улм, Германија за учество на Втората Економска Олимпијада – ULMA (Ultimate League for Mastery in Applied Economics) за 2026. Станува збор за меѓународен академски натпревар од областа на применетата економија, и се организира во областите микроекономија, макроекономија, економетрија и финансии.
 
Право на учество имаат студенти запишани на прв, втор и трет циклус на студии од областа на економските науки.
 
Натпреварот ќе биде во хибриден формат: со физичко присуство на Институтот по економија во УЛМ или онлајн преку ZOOM платформата. Работен јазик е англискиот. Натпреварот ќе се одржи на 16.01.2026 година.
 
За победниците се предвидени пригодни награди, а сите натпреварувачи ќе добијат сертификат за нивното учество.
 
Сите заинтересирани учесници за оваа олимпијада да се пријават кај асистент д-р Ѓунтер Мерџан на следнава е-меил адреса: gjunter.merdzan@eccf.ukim.edu.mk најдоцна до понеделник 22.12.2025 година. За пријавените студенти ќе биде организирана подготвителна настава.

Со почит,
Економски факултет – Скопје