Loading Events
Економскиот факултет – Скопје, заедно со Прокредит Банка АД Скопје и Факултетското Студентско Собрание, ве покануваат на настанот „Жените го редефинираат успехот” / „Women Redefining Success“, посветен на современите сфаќања за успехот и родовите улоги во професионалниот и општествениот контекст.

Настанот ќе се одржи на 18 декември 2025 година, од 13:00 до 15:00 часот, во Aмфитеатар 3 на Економскиот факултет – Скопје и ќе вклучи инспиративни говорници, како и посебен сегмент посветен на студентите кои ќе зборуваат за стереотипите, предрасудите, сфаќањате и очекувањата, врз основа на сопствените доживувања и перцепции.

Ве очекуваме!