Loading Events

« All Events

Запознајте се со иницијативата „Моќни економисти: Иднина во светот на податоците и вештачката интелигенција“.

јули 18 @ 00:00 - јули 22 @ 00:00

📌Семос Едукација поддржана од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID), во рамки на Youth Actively Create Opportunities, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Youth Educational Forum (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери CEED Hub Skopje ја спроведува  иницијативата „Моќни економисти: Иднина во светот на податоците и вештачката интелигенција“.

 

📌Целта на иницијативата е:

 

✅Да ги зајакне капацитетите и вештините на учениците од СЕПУГС Васил Антевски Дрен за анализа и обработка на податоци. Преку обуката за Power BI, учениците ќе научат како да обработуваат и визуелизираат податоци, што ќе им помогне во нивните идни студии и професии.

✅За студентите на Економски Факултет – Скопје при УКИМ, да ги  подобрат нивните аналитички вештини и да им овозможат практични алатки за анализа на податоци, што ќе помогне во нивниот академски и професионален развој.

✅Сите заедно да ги воведеме во основите на користење на Вештачката интелигенција при обработка и анализа на податоци.

 

💁‍♀️Пријавете се сега и направете го првиот чекор кон успешна и перспективна иднина!

Партнери во реализација на проектот се СЕПУГС Васил Антевски Дрен и Економски Факултет при УКИМ.

 

💻За потребите за анимирање на целните групи и запознавање со предвидените активности, цели но и придобивки ќе бидат организирани два настани и тоа:

 

✅Вебинар за запознавање со основите на анализа на податоци, PBI и AI кој ќе се одржи на 18.07.2024 во 14:00 часот.

✅Работилница за практична примена на стекнатите знаења и вештини која ќе се одржи на 22.07.2024 во 15:00 часот.

 

Пријавувањето е отворено до 17.07.2024 година до 16:00 часот.

👨‍🏫Предавањата се на македонски јазик. За да учествувате на настаните, пополнете ја формата👉https://bit.ly/4cyLWqb

 

📌Со следење на овие настани се стекнувате со право да учествувате на бесплатните обуки кои би се организирале во текот на следниот период, за што ќе бидете информирани дополнително.

📞Доколку Ви се потребни дополнителни информации за активностите, Ве молиме контактирајте нè на телефоните 075 345 258 Борјанчо или 075 343 369 – Александра

 

*Времетраењето на вебинарот и работилницата е по 1 час.

Details

Start:
јули 18 @ 00:00
End:
јули 22 @ 00:00
Comments are closed.