Loading Events

Драги студенти,

Економскиот факултет – Скопје,УКИМ со големо задоволство Ве поканува на настанот „КАРИЕРЕН ДЕН НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ, УКИМ“ што ќе се одржи на 15 мај 2025 година, во просторот на Економски факултет-Скопје

 

Датум: 15.05.2025, четврток.

Време: 12-14.00 часот.

 

Настанот е во организација на Центарот за кариера на Економски факултет-Скопје, и во тесна соработка со Фaкултетското студентско собрание на Економски факултет-Скопје, а со цел да ги доближиме компаниите до вас- студентите, проширувајќи ги вашите кариерни можности.

На овој настан, компаниите имаат можност да остварат директен контакт со вас-студентите и да ги презентираат своите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите, што веруваме дека ќе биде мотивација и поттик за вас-студентите во вашиот понатамошен кариерен развој.

Од друга страна, сите студенти сте добредојдени да ги посетите штандовите на компаниите – учесници и да продискутирате за своите интереси.

Воедно, во рамки на овој настан е предвидено да се одржи трибина за студентите на тема „Што бара бизнисот од студентите“ предвидена за периодот од 13.00 до 14.30 часот (во сала за состаноци), каде поголем дел од компаниите учесници ќе имаат свој гостин-спикер кој ќе има можност да го произнесе ставот на организацијата која ја претставува на горенаведената тема.

Ве очекуваме!